Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМОЗАИКТЕМА

ЕДНО НЕ СМЕЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ ВЕЧЕРВА: Македонците утре го слават Митровдeн!

Православните верници утре го слават денот на Свети Димитриј, кај народот познат како Митровдeн.

На 8 ноември се празнува Денот на Свети великомаченик Димитриј, во народот познат како Митровдeн. За Митровдeн се поврзуваат многу обичаи – меѓу другото, се верува дека ако има мраз, ни претстои долга и студена зима со многу снег.

Моштите на свети Димитриј, кој своето богатство го поделил на сиромашните, се наоѓаат во Солун. Свети Димитрија е и заштитник на овој грчки град, додека Русите го сметаат Свети Димитрија за заштитник на Сибир.

Во Македонија Митровден е една од најголемите прослави, крштевно име на некои еснафи и ден на одржување на заветот на многу места. Според народните верувања, секој треба да биде дома во пресрет на Митровден и Ѓурѓевдан, бидејќи кој тогаш не е дома, до крајот на годината ќе преноќи во туѓи куќи.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

СРЕДА НОСИ ГОЛЕМ ПРЕСВРТ – Три хороскопски знаци пред важна одлука, за други се отвора врата што долго била затворена

ДЕСК