Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил излетал од патот Маврови Анови – Дебар, тројца повредени

Тројца повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, пред Скудрињски мост.

Во несреќата автомобил „митсубиши пајеро“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 65-годишниот Р.И. од с. Требиште, излетал од коловозот.

Во несреќата сопатничката З.И.(62) се здобила со тешки телесни повреди, а другите две сопатнички Д.С. и Е.А. се здобиле со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +