22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Масовна тепачка во Кочани, интервенирала и полицијата, се пукаше во воздух – Има повредени и уапсени

На 05.11.2022 во 01.15 часот полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода  Џ.Ц.(29), Џ.Б.(33), И.К.(27), М.М.(30), Д.Д.(21), Г.Т.(25) и Б.С.(22), бидејќи пред угостителски објект во трговски центар во Кочани, по претходна расправија, започнале меѓусебна физичка пресметка во која учествувале Џ.Б., М.М., К.А., И.К. и Џ.Ц. од една страна, а Л.Т., Г.Т., Д.Д. и Б.С., од друга, а бил употребен и стаклен предмет. При полициска интервенција Џ.Ц. попречувала полициски службеник во вршење на службени дејствија.

Од полициски службеник во воздух биле испукани два предупредувачки истрели, лицата биле приведени во полициска станица, а Џ.Б. и Л.Т., поради исеченици со кои се здобиле при пресметката, биле пренесени во Општа болница Кочани.

Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.