Centar.mk
БИЗНИС

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2022 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 ноември 2022 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
04.11.2022– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
07.11.2022– М, Н, Њ, О,П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Можеби ќе ве интересира

ИМАТЕ ПАРИ НА СМЕТКА, НО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ – Во кои ситуации банката може да го ограничи пристапот до средствата?

ДЕСК

ОКОЛУ ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЛЕЧЕНИ ОД АЛТА БАНКА – Славески објасни што претходело на вонредните мерки

ДЕСК

ОД ПОНЕДЕЛНИК НЕМА ДА РАБОТАТ ЕКСПОЗИТУРИТЕ НА АЛТА БАНКА – Воведен неделен лимит од 10.000 денари

ДЕСК