Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви.

Претседателот Пендаровски на средбата беше информиран за активностите на Еврејската заедница во Северна Македонија, за нивните ангажмани и идни планови, како и за нивната соработка со државните институции.

Претседателот Пендаровски ја изрази својата поддршка за активностите на Еврејската заедница и ја истакна неговата заложба за унапредување на соработката со нив, во контекст на зачувување и афирмирање на културата, традицијата и обичаите на македонските Евреи.

Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните состојби во државата, при што го поздравија донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политичките партии, согласно кои се забранува називот и ознаките на политичките партии, здруженија и фондации да содржат симболи, зборови, кратенки, кои предизвикуваат расна или верска омраза или нетрпеливост, етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх.

На средбата стана збор и за придонесот на Еврејската заедница во севкупниот развој и напредок на македонското општество.

Можеби ќе ве интересира

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

ДЕСК

Во амбулантното одделение во затворот Идризово биле пронајдени и одземени четири пакувања со бела прашкаста материја

ДЕСК

Лишени од слобода три лица, одземено возило, изречени 40 санкции, акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Штип

ДЕСК