Centar.mk
МОЗАИКТЕМА

Ништо не е бесплатно во Британија: Жена се породила во такси, па добила сметка за чистење на автомобилот

Британката Фара Каканиндин се породила во задниот дел на такси со брзина од 40 км/ч, а потоа добила сметка за чистење на автомобилот.

Неколку дена по породувањето, таа била шокирана кога компанијата и испратила сметка за чистење од 60 фунти.

Жена неочекувано родила на пат кон болница кога одела на рутински преглед. Таа ја родила својата ќерка Наја во возило „Ароу Таксис“, додека таксистот се јавил во болница.

Неколку дена подоцна, Фара добила сметка во вкупна вредност од 100 фунти, од кои само 40 фунти биле трошоците за транспорт.

– Разбирам дека направив хаос, но малку е дрско што ми наплатија за тоа – рече таа.

Според британските медиуми, компанијата Arrow Taxis одбила да ја коментира целата ситуација.

Можеби ќе ве интересира

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 12 НОЕМВРИ 2026: Ден на важни одлуки, неочекувани пресврти и љубовни откритија

ДЕСК

НЕШТО СЕ ПОМЕСТУВА ВО ВАША КОРИСТ НА 12 НОЕМВРИ – Дневен хороскоп за четврток

ДЕСК

ГОЛЕМ ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 НОЕМВРИ – Некои знаци ги очекува финансиска можност, други важна љубовна одлука

ДЕСК