Centar.mk
СТАВМАКЕДОНИЈА

За Груевски, лидерите што зборуваат за храна биле Африканци, европски е да се зборува за мермер и бронза

Пишува: Ана Василевска за Нова ТВ

Додека сите регионални и светски лидери стравуваат од глад и недостиг на енергенси, грчевито се борат да ја стабилизираат економијата и да обезбедат ресурси за својот народ за престојната најстрашна зима после втората светска војна, бегалецот од правдата, паднатото диктаторче од удопството на азилот во Будимпешта дури и се исмејува со сопствениот народ. На пастирот од Пешта му е смешно кога премиерот Димитар Ковачевски вели дека ќе има доволно храна и струја во Македонија. Во обид да биде малициозен, во фејсбук статус го нарекува премиер на Етиопија или Африка.

Со оваа аналогија сосема јасно го исмејува „својот“ народ. Се потсмева и со пакетот антикризни мерки. Веројатно е дека и тој е еден од оние што ја држат „диригентската палка“, па од неговото топло засолниште покрај убавиот син Дунав, им го одржува тактот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го кочат гласањето на мерките за справување со кризата. А „неговиот“ народ ќе трпи последици и ќе плука по власта, додека тој задоволно ќе титка статуси и ќе врти бизниси со своите компањони од ист ков.

Му пречи и договорот ФРОНТЕКС и гаранциите за македонскиот јазик. Секако, многу „се грижи“ и за јазикот. Освен стотината погрдни зборови што служат за дивеење по коментари на неговите поддржувачи на социјалните мрежи, јазикот за друго нешто и не му е потребен.

Октомври беше посебно инспиративен за поранешниот лидер на ДПМНЕ со честитки за националните празници. Се расфрла со цитати на соијалните мрежи и тоа ни помалку ни повеќе, за 23 Октомври, го одбрал Фридрих Ниче: “Тоа што не нѐ убива, нѐ прави посилни“. Којзнае што сакал да каже, правејќи се мудар и начитан, но за него соодветен е само оној цитат на неговиот италијански имењак Николо Макијавели: „Целта ги оправдува средствата.“

Пустошот што го остави зад себе нема да може да се расчисти уште долго време. Само со милијардите фрлени за бронзата и мермерот од мегаломанскиот проект за антиквизација „Скопје 2014“, чии пукнатини и отпад ќе ни бидат вечен споменик за најцрните времиња од поновата историја на Македонија, ќе можевме да ја амортизираме актуелната економска криза.

На сета криза, сега мора да се грижиме и за одржување на веќе полураспаднати објекти, за осветлувањето на МНТ на пример, за одржување на фасадите, за заштита на Архивот од поплави, последица од архитектонско-градежните кражби и со години да ги прескокнуваме оние канделабри од ковано железо легнати пред белиот дворец на најбогатата партија во Европа. Ова е само капка во морето од штетни инвестиции каде што беа фрлени парите на граѓаните во единаесетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Јасна беше неговата цел и тогаш и сега, како да стигне до посакуваниот трон, не бирајќи „оправдани“ средства дури и ако треба да се жртвува секоја демократска мисла и да се шират демагогии и страв, во онаа количина со која пропорционално му растат банкарските сметки.

Е, тоа е таа Африка и Етиопија, каде што за огромна жал сѐ уште постојат примитивни племенски владетели кои манипулираат со симболите на племето, а тоа задоволно скандира додека страда за храна и вода.

И во контекст на „умниот“ цитат за Денот на револуционерната борба, веројатно е сведен дека голем дел од јавноста не е убиена, иако тој со сите сили и црни пари се обидува тоа да го стори. Напротив, македонското општество чекори по европскиот пат.

Храна и струја ќе има, ако имаме среќа да попуштат блокадите во Собранието и, ако барем еднаш, ВМРО-ДПМНЕ помисли на „својот народ“, а не на сопствениот задник и политичките математики.

извор Новатв.мк

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК