Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Вистинска драма се случувала низ Скопје синоќа: Крадци ограбиле бензинска, а потоа полицијата им излезе на патот

Денеска (02.11.2022), по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје расчистија кривично дело разбојништво, сторено синоќа на бензинска пумпа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје.
Имено, околу 00.45 часот вработен на бензинската пумпа пријавил дека едно лице со закана со остар предмет одзело пари од дневниот промет.

Набргу, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го пронашле и лишиле од слобода Г.С.(39) од Скопје, а бил пронајден и предметот со кој го извршил делото.

Притоа, тој го признал делото, а по дополнителни преземени мерки било утврдено дека откако го извршил делото бил физички нападнат од неколку лица кои биле со патничко возило „мерцедес“, кои му ги одзеле парите. Исто така, по преземени мерки, од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба било пронајдено возилото и лицето кое го управувало Р.С.(25) од с.Сингелиќ, скопско. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК