Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тројца струмичани уапсени поради кражба од пумпна станица

На 01.11.2022 во 16.00 часот во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.А.(27), Б.Р.(24) и еден малолетник, сите од Струмица. Тие се сомничат дека во текот на денот извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што од пумпна станица сопственост на АД Водостопанство на РСМ-подружнца Јужен Вардар Гевгелија одзеле повеќе предмети.

Кај нив биле пронајдени одземените предмети. Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК