27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Таравари му се пожали на Рама за патиштата, а разговараа и за уставните измени во Македонија

Делегација предводена од претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во придружба на Исен Шабани, градоначалник на општина Врапчишти, и Илире Даути, пратеничка во жСобранието, беше примена од претседателот на владата на Албанија, Еди Рама.

Од партијата информираа дека на средбата станало збор за уставните измени, кои се очекува да се случат во Македонија со цел продолжување на европскиот пат.

„Таравари го запозна премиерот Рама за незадоволството на Алијансата за Албанците за прогресот на Владата во Скопје во завршувањето на регионалните инфраструктурни врски на транспортот барајќи негов ангажман за календарско и финансиско консолидирање во областа на културата со цел создавање сенасенародни проекти во регионот, како и за создавање албанска дигитална библиотека“, велат од партијата.

Претседателот на Алијансата за Албанците му честитал на премиерот Рама за лидерството што го покажала Албанија на меѓународно ниво како претседавач на ОБСЕ и како членка на Советот за безбедност на ОН, каде што Тирана, како што велат, има одлучувачка улога во разни меѓународни резолуции против руската агресија врз Украина.

„На средбата беше изразена и безрезервната поддршка што Алијансата за Албанците ѝ ја дава на иницијативата на албанската држава во Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде што се бара ревизија на Резолуцијата 1782 од 2011 година. Делегацијата на Алијансата за Албанците му искажа благодарност на албанскиот премиер за незаменливата улога на Албанија во регионалната соработка, вклучително и примерната солидарност со Северна Македонија на заедничкиот пат кон Европската Унија, каде што двете земји досега работеа во пакет“, наведуваат од партијата на Таравари.

Таравари изразил уверување дека ова лидерство сега се потврдува со организацијата на Самитот ЕУ – Западен Балкан на 6 декември, историски настан за Тирана и за целиот регион, што ги прави горди како Албанци.