Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски ќе учествува на Министерскиот Форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Тирана, Република Албанија

Утре, (03.11.2022), министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предводи делегација од МВР во Тирана, Република Албанија, каде што ќе учествува на Министерскиот Форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи.

Министерот Спасовски на Министерскиот Форум ќе има свое обраќање на двете сесии и тоа: во првата Сесија – Внатрешни работи на тема – „Соработка во справувањето со безбедносното влијание од руската воена агресија против Украина” и во втората Сесија – „Зајакнување на миграцијата, азилот и управувањето со границите”.

Во рамки на работната посета, министерот Спасовски ќе се сретне со амбасадорот на Република Северна Македонија во Тирана, Данчо Марковски и со претставници на друштвата на македонското национално
малцинство во Република Албанија.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +