10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Митрески кон Мицевски: Обвинувате дека мерките се задоцнети, а законите за помош на граѓаните не го ставате на дневен ред

Законот на финансиска помош би доставен во Собранието уште на 17 октомври информира координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето во „Само вистина“. Тој го праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски зошто се уште не е закажана Комисијата за финансирање и буџет, со која претседава неговата партија.

-Како тогаш можете да обвинувате дека антикризните мерки биле задоцнети? ВМРО-ДПМНЕ вели ништо не кочеле, но дел од пакетот мерки од овој закон се за исплаќање на финансиската помош за одредени ранливи категории, како пензионери и социјални случаи, праша Митрески.

Од друга страна, Мицевски одговори дека овој податок уште утре ќе го проверел.

Говорејќи пак за енергетската криза, Јован Митрески кажа дека се обезбедуваат нови извори на шроизводство на електрична енергија и дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кое во 11 години успеало да произведе само 17 мегават часови, власта овие години успеала да обезбеди 170 мегават часови електрична енергија од обновливи извори.

Спонзорирано: