Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Уапсени се Бугари кои во Охрид олесниле повеќе семејства со илјадници евра – Еве како нивната измама секогаш успевала

Кривична пријава за измамници од Бугарија, расчистени 21 кривично дело

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.И.(51) и Г.М.(56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторени 21 кривично дело „измама“.
Пријавените, во периодот од 17.08.2022 до 10.09.2022, телефонски им се јавувале на повеќе повозрасни лица од Охрид и, лажно претставувајќи им се, ги известувале дека блиски членови на нивните семејства биле тешко повредени во сообраќајни несреќи. Притоа, доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им ветувале дека за одредена сума пари можеле да им помогнат за нивно ослободување од кривична одговорност.

На овој начин, пријавените предизвикале вознемиреност кај оштетените граѓани, а во три случаи од оштетените добиле пари со што се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.077.320 денари.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – Налети над 60 километри на час, еве каде ќе биде најизразен

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК