Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Карпош обвинува дека го нападнале од партијата

Од непознато маскирано лице утрово бил нападнат советникот во општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Илиевски. Во изјава за „Инфомакс“ тој тврди дека на дешениот физички напад претходеле низа закани од раководството на неговата матична партија поради неговото делување во советот.

Илиевски истакнува дека од ВМРО-ДПМНЕ му се заканувале и го терале да се повлече од советничката функција, а меѓу заканувачите бил и пратеникот и претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Тони Јаревски.

Советникот во интервјуто објаснува дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош рекетира бизнисмени за носење одредени одлуки во советот, наместо да работат за доброто на жителите на Карпош.

Тој посочува дека денешниот напад е само ефектуирање на досегашните закани од неговата матична партија и најави дека ќе се отвори постапка до обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК