Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Над два милиони луѓе во Германија ќе добијат по 600 евра

Повеќе од два милиони пензионери имаат право на паушална цена на енергијата, односно како вработени и како пензионери, соопшти Министерството за социјални работи на Германија.

На работниците веќе им беше исплатен енергетски бонус од 300 евра во септември. Износот од 300 евра е исплатен и на пензионери кои се вработени.

Германското Министерство за труд и социјална заштита соопшти дека исплатите за вработените и пензионерите меѓусебно не се исклучуваат. Како што објаснуваат, можно е да се добие паушал двапати.

Меѓутоа, ако примате повеќе од една пензија, на пример старосна пензија и пензија на починат партнер, енергетскиот паушал се плаќа само еднаш.

Според информациите на германските медиуми, бројот на двојно наградени пензионери е 90.000 пензионери кои работат при плаќање придонеси и 1.150.000 кои имаат мини-работа.

Според „Дојчер рентенверзичерунг“, опфатени се и 95.000 осигуреници кои сè уште работеле во септември, но се пензионирале пред 1 декември.

Во принцип, секој што има право на старосна пензија, инвалидска пензија или семејна пензија од законското пензиско осигурување од 1 декември 2022 година ќе добие паушал.

За уплата од 300 евра потребно е да имате пријавен престој во Германија. Плаќањето не подлежи на задолжителни придонеси за социјално осигурување и се плаќа автоматски.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +