24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Дали сте пробале арапски слатки уштипци? Сигурно ги имате состојките во вашата кујна, а тие се „топат“ во устата

Ако сакате брзи и лесни рецепти, арапските пржени со јаболка ќе ве воодушеват! Направени се од едноставни состојки кои сигурно ги имате дома, сочни се, крцкави и вкусни.

Потребни состојки:

  • 1 јаболко
  • 1 јајце
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица масло
  • 350 грама брашно
  • прстофат сол
  • прашок за пециво (една кеса)
  • шеќер и цимет за декорација
  • масло за пржење

Едно јајце убаво изматете го со жица или вилушка. Во изматеното јајце додадете млеко и 2 лажици масло, па повторно изматете ја смесата. Потоа додадете брашно, малку сол и прашок за пециво, а потоа нежно соединете ја смесата со шпатула. Потоа исчистеното и излупено јаболко изрендајте го и повторно измешајте ја смесата. Додадете уште малку брашно и со рацете формирајте меко тесто.

Од тестото формирајте топчиња со средна големина и пржете ги од двете страни на умерена температура.

Готовите кифлички виткајте ги во мешавина од шеќер и цимет.