20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/архива
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Бугар со истата финта од повозрасни скопјани одзел 1.393.000 денари

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.С.П.(34) од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Пријавениот, во септември и октомври 2022 година на подрачјето на Аеродром и Гази Баба, со прикажување на лажни факти и лажно претставувајќи се како полициски службеник, телефонски се јавувал кај повозрасни лица кажувајќи им дека блиски лица од нивните семејства направиле сообраќајна несреќа во која има починато лице или дека во сообраќајна несреќа некој од нивните блиски биле повредени.

Притоа, доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им ветувал дека за одредена сума пари може да им помогне за нивно ослободување од кривична одговорност. На тој начин тој се стекнал со вкупна противправна имотна корист од околу 1.393.000 денари.