24.8 C
Скопје
15. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со селективната блокада на Собранието и со одолговлекување на донесувањето на законите за директна финансиска помош на граѓаните

На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, конечно поминаа предлог одлуките за прераспределба на средства од Буџетот кои што се директно поврзани предлог Законот за финансиска помош на граѓаните во социјален ризик што Владата ги утврди како мерки за поддршка на граѓаните за справување со кризата, и одлуката измени и дополнувања на Законот за нафтени резерви како помош за институциите, за јавните претпријатија во државна и во општинска сопственост, за позајмици од нафтените резерви за да ја пребродат кризата со енергенси во претстојниот период, пишува Civilmedia.mk.

Ова е исходот од долгото одлагање на расправата за овие одлуки, но ова е само првиот чекор кој требаше да биде направен за да се ефектуира предлог законот за финансиска помош на граѓаните како дел од пакетот на Владата за помош за граѓаните за сопоравување со последиците од економската и енергетската криза.

Со овие мерки е предвидено да се додели финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани, односно за 41.878 лица, пензионери, лицата кои коористат гарантирана социјална помош, лицата кои го користат правото за попреченост по различни основи, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на гарантиран минимален приход и стечајните работници.

За сите овие лица со Законот за финансиска помош, во период од 4 месеци, како поддршка во услови на енергетската и ценовната криза, ќе бидат издвоени 502.536.000 денари или 8.171.317 евра, коишто се обезбдени од прераспределба на нефункционалните трошоци од Буџетот на државата.

Во разговор за Цивилмедиа, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изјави дека очекува дека во наскоро време, овој, како еден од еден од побитните закони за граѓаните, ќе ја добие поддршката од сите пратеници без непотребни одлагања.

„Јас очекувам дека во наскоро време, еден од побитните закони за граѓаните, Законот за финансиска помош, којшто е пуштен во постапка уште пред две недели, и за кој, за жал, не е закажана Комисијата за финансирање и буџет. Инаку, тоа е законот со којшто е предвидено во траење од 4 месеци да се поддржат граѓаните во социјална несигурност, пензионерите, за лицата коишто примаат надоместок по основ на стечај и за други категории граѓани кои се најпогодени од економската и енергетската криза“, истакна кооординаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Митрески исто така очекува да нема опструкции и за Законот за задолжување од Европската банка за обнова и раазвој со заем од 100 милиони евра за ЕСМ за да се обезбеди производство на струја од домашните енергетски капацитети.

„Очекувам да биде закажана на Комисијата за финансирање и буџет и Законот за задолжување од ЕБОР со 100 милиони евра за ЕСМ за производство и снабдување на струја за граѓаните и фирмите. Исто така и законот, којшто е надвор од кризата, но е редовно работење и проблем за којшто долго време зборуваме и го бараат граѓаните, тоа е задолжувањето од 50 милиони евра за преработка на цврст отпад во регионални фабрики за преработка на отпад“, рече за Цивилмедиа Митрески.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието Јован Митрески за Цивилмедиа уште информираше дека, иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица веќе подолго време не учествуваат на состаноците за координација, се вложуваат дополнителни напори и комуникација по други основи за да се поттикне учеството на народните избраници на опозицијата во расправата и донесувањето на законите од интерес на граѓаните и општеството.

разговорот го водеше: Зоран Бојаровски

извор: Civilmedia.mk