24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Предложени мерки за штедење: Германија ги ограничува цените на бензинот за компаниите и домаќинствата

Германската влада начелно се согласи да воведе горна граница на цената на гасот за околу 25.000 големи индустриски компании од 1 јануари 2023 година, соопшти денеска Министерството за економија, откако експертската комисија ги претстави своите предлози во Берлин.

Министерството соопшти дека Владата ќе направи одредени технички корекции во врска со првичниот предлог на Комисијата и дека ќе ја ограничи цената на гасот на седум евроценти за киловат-час за 70 отсто од потрошувачката на компаниите забележана во 2021 година.

За да можат компаниите да го остварат правото на користење на оваа мерка, комисијата предвидела одредени услови, меѓу кои и обврската за одржување на 90 отсто од работните места во период од една година и одржување на постоечките погони во Германија.

Комисијата, исто така, предложи цената на гасот за домаќинствата да биде ограничена на 12 евроценти за киловат-час за 80 отсто од основната потрошувачка на домаќинствата од март 2023 година најмалку до крајот на април 2024 година.

Дополнително, до 20 декември годинава треба да се исплати и еднократна помош за домаќинствата во висина од едномесечна сметка за гас, наведува комисијата во извештајот на 34 страници.

Комисијата, исто така, предложи да се воведе бонус за заштеда на гас за некои групи потрошувачи со давање фиксни финансиски стимулации за оние кои заштедуваат 20 центи или повеќе гас во споредба со нивната потрошувачка во 2021 година.