20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нуредини: Инвестираме во системи за водоснабдување, мора да обезбедиме питка вода за секој поединец

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, заменик-амбасадорот од Швајцарската Конфедерација во Скопје, Лусијан Егертер и претседателот на Владата на Р.С. Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваа на свеченоста по повод отпочнување со градежните работи за изградба пречистителна станица за вода за пиење во с. Тработивиште, oпштина Делчево и фотоволтаична централа за потребите на пречистителната станица.

Истакнувајќи дека инвестрирањето во водоснабдителниот на општина Делчево значи остварување на стратешките определби на Министерството за животна средина и на Владата за обезбедување пристап до чиста вода за пиење до секој жител во државава, министерот Нуредини информираше дека МЖСПП во овој проект учествува со средства во висина од 1.3 милиони швајцарски франци искористени за реконструкција проширување на постојната водоснабдителна мрежа за селата Ѕвегор и Габрово, и нивно приклучување на водоводната мрежа во о. Делчево. Инаку најголемиот дел од инвестициите се обезбедени од страна на Швајцарската влада (6 милиони франци), а контрибуцијата на општина Делчево е во висина од 30 илјади швајцарски франци.

– Проектот за водоснабдување на Делчево има уште една многу важна компонента. За работа на пречистителната станица за вода ќе се користат најдобродостапните техники засновани на обновливи извори на енергија. Со тоа се се потврдува дека нашите определби како држава за зелена транзиција и одржлив развој преку ориентираност кон обновливи извори на енергија веќе се широко прифатени и се применуваат – додаде Нуредини.

Спонзорирано: