Centar.mk
БИЗНИС

На Машинскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје се отвори Саемот за пракса и вработување

Денес, 31.10.2022, Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје го отвори Саемот за пракса и вработување. Во лобито на Машински факултет се поставени штандови на вкупно 24 добро познати компании кои веднаш го привлекоа вниманието на идните инженери од Машинскиот факултет, но и останатите студенти од инженерскиот кампус.

,,Соработката меѓу индустријата и факултетите е клучна за економски и општествен раст и развој. Во следните денови, компаниите ќе ги претстават своите можности за соработка пред студентите на УКИМ. Саемот ќе се одржува до 03.11.2022, па ги повикувам сите идни инженери да воспостават контакти и да ги откријат можностите за развој на кариерниот пат во водечки компании во нашата држава.” – изјави проф. д-р Радмил Поленаковиќ, редовен професор на Машински факултет-Скопје и раководител на Центарот за кариера при Машинскиот факултет.

Деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Дарко Данев посочи дека „целта на саемот е да се зголеми соработката помеѓу Универзитетот и стопанството во насока на подобрување на вработливоста на студентите преку поголем број на реализирани пракси во компаниите и заеднички проектни и дипломски работи. Саемот за пракса и вработување нуди единствена можност за регрутирање на најдобрите сегашни студенти, а идни инженери од Машинскиот факултет во Скопје“.

Можеби ќе ве интересира

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година  

ДЕСК

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

ДЕСК

Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести

ДЕСК