24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Делчево: Знаев дека нема да биде лесно, но лидерите мора да гледаат напред кон иднината

Знаев дека нема да биде лесно, но лидерите мора да гледаат напред кон иднината, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Делчево.

-Десетина месеци ја предводам оваа голема, силна, државотворна партија и коалициската Влада.
Во тежок период и за земјата и за сите наши граѓани, исправени пред глобални предизвици, енергетска криза каква не се памети, најголема после Втората светска војна. Тоа ниту ме поколеба, ниту ме предомисли туку ме мотивираше да работам уште посилно, порешително, одлучно. Знаев дека нема да биде лесно, но лидерите мора да гледаат напред кон иднината, да го понесат товарот на денешницата за една и единствена цел: подобра иднината за својот народ! Поодбра иднина на наша македонска земја, на нашиот македонски народ, на сите наши граѓани, рече претседателот Ковачевски.

Претседателот на СДСМ посочи дека придобивките од тие државнички одлуки сега целата јавност, сите граѓани може да ги видат, да ги почувствуваат.

Оние од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, оние кои ширеа лаги на ниво на хистерија, коишто буцкаа тензии и правеа насилни протести, коишто лажеа дека ќе сме го загубеле јазикот и идентитетот, се обрукаа, додаде Ковачевски.

Сите нивни лаги потонаа во вода. Немаат доблест ниту се извинат ниту да му честитаат на народот, на граѓаните за овој успех, рече претседателот Ковачевски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Делчево.