Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Полицијата влезе во куќа во Штип, а претресе и возило BMW – Пронајдена дрога, уапсен млад маж

По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип го лишиле од слобода А.С.(32) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик.

На 28.10.2022 по добиена судска наредба полициските службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на осомничениот и во неговото патничко моторно возило „БМВ“, при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари, мобилен телефон. По целосно документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски учествуваше во хуманитарната акција на СДММ Куманово

ДЕСК

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК