Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ахмети – Бомгартнер: Да го продолжиме европскиот пат

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вечерва се сретна со амбасадорот на Франција, Кирил Баумгартнер.

Ахмети и амбасадорот Бомгартнер високо го оценија евроинтегративниот процес што Македонија го започна со одржувањето на првата меѓувладина конференција по отворањето на разговорите за членство со Европската унија и која веќе продолжува со скрининг-процесот.

На средбата, двајцата соговорници разговараа и за уставните измени и потребата од завршување на овој процес како услов за продолжување на европскиот пат што го започна Република Северна Македонија, а соработката меѓу политичките партии во земјата е повеќе од соодветна бидејќи земјата е во клучен момент да се движи напред.

Меѓу другото, претседателот Ахмети истакна дека токму францускиот предлог на претседателот Макрон го стави на правен пат интегративниот процес на земјата и дека соработката меѓу двете земји треба да продолжи уште повеќе со поддршката на Франција до финализирање на процесот на интеграција во ЕУ.

Амбасадорот Бомгартнер ја изрази целосната поддршка на Франција за европската интеграција на нашата земја.

Претседателот Ахмети го истакна уверувањето дека сите проевропски сили во нашата земја ќе се мобилизираат да го следат интегративниот пат и нема да дозволат деструктивни и регресивни влијанија во остварувањето на целите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК