23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

30 издание на интернационалниотфестивал за аматерски документарен филм “Камера 300”

Како дел од програмата, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, синоќа беше отворено 30 издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“. Фестивалот го отвори заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, кој нагласи дека, годинава публиката ќе има можност да проследи 25 филмови од 11 различни држави, односно 11 различни филмски култури и продукции.

„Натреварувачкиот карактер на овој фестивал според мене е чисто од мотивациски аспект бијдеќи сите прикажани филмови ќе бидат победници, зашто сите ќе ја кажат својата приказна и ќе ја пренесат својата порака до публиката, онаа за која биле наменети.

Богатата филмска понуда на овој веќе традиционален културен настан ќе ги почести љубителите на филмската продукција и ќе им даде можност да ја збогатат својата филмска ризница, тука во Битола ќе имаат можност да сведочат на светска култура која што ќе ги обиколи и другите филмски сцени низ Европа и Светот.

Фестивалот на аматерски документарен филм Камера 300 во чест на прославата на 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола е симболичен, но и силен културен импулс не само на културната сцена во нашиот град туку и пошироко во рамки на државата и надвор од нејзините граници“, рече заменик градоначалникот Бојкоски.

Жири комисијата на фестивалот, одлучи највисоката награда гран-при, наградата „Плакета Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот, да ја додели на филмот „Охридските хотели – Хотел Радиќ“, на авторот Љупчо Паунковски.

Плакета за најдобра камера што ја доделува Општина Битола ја доби авторот Гунтер Симерл од Словенија, за филмот „Инсекти во градината“.
Наградата „Златната камера 300“ е доделена за филмот „Лифтот на Бродот Андертон“ на авторот Џејмс Калмерс од Велика Британија, а „Сребрената камера 300“ за филмот „Чекори низ дрвената катедрала буковина“ на авторите Михаил Герасим и Едуард Григорас од Романија.
„Бронзена камера 300“ доби фимот „Водици“ од авторот Диме Талевски.
Златниот медал на УНИКА е за филмот „Трпејца“ од авторот Томе Љушев.
Исто така, беа доделени плакети за монтажа, идеја и репортажа, како и специјални плакети.