18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Кардиолог открива која храна никогаш не ја јаде и со што лесно може да се замени

Кардиологот Др. Елизабет Клодас често на своите пациенти им дава совети што да јадат за здравјето на срцето и издвојува храна која никогаш не ја јаде и која со задоволство би ја заменила.

Леб
Многу луѓе се изненадени кога ќе им кажам дека пекарските производи и лебот се најголемите „добавувачи“ на натриум во организмот, а високиот внес на натриум може да го зголеми крвниот притисок, што е фактор на ризик за развој на срцеви заболувања и мозочен удар.

Едно пециво содржи околу 500 mg натриум, што е околу една третина од она што експертите го препорачуваат за дневен внес. Исто така, рафинираните производи ќе предизвикаат зголемување на шеќерот во крвта, а добро е да се запамети дека тоа што лебот е кафеав не значи дека е здрав. За да добиете доволно влакна, побарајте производи што содржат зрна што се видливи во секое парче.

Диетални пијалоци
Можеби не содржат шеќер, но можат да си играат со процесите на телото, па неодамнешното истражување откри како вештачките засладувачи можат да го попречат производството на важни протеини и цревата кои штитат од дебелина и дијабетес. Наместо тоа, одберете чај кој содржи бројни компоненти кои го поттикнуваат здравјето и ќе се борат против воспалението. Зелениот чај е поврзан со помал ризик од срцев удар и мозочен удар.

Овесни плочки
Можеби мислите дека се здрави, но повеќето од нив не содржат само овес, туку и овошје и јаткасти плодови, а често во нив се додава шеќер или масла.

“Преферирам да грицкам јаткасти плодови без суплементи. Ако јадам овес, тоа е обично за појадок и користам суво овошје како засладувач”, вели кардиологот.