Centar.mk
БИЗНИС

Илон Маск и официјално стана сопственик на Твитер

Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите.

По преземањето на компанијата, Маск отпушти неколку врвни директори и најави дополнителни отпуштања.

Тој рече дека сака да ги „победи“ спамботите и да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и поделби.

Засега Маск не даде детали како ќе го постигне сето ова и кој ќе ја води компанијата, пренесе Блиц.рс.

Можеби ќе ве интересира

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%

ДЕСК

„Стандард и Пур“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек

C +

Евростат: Луксембург најбогата европска земја, Македонија под просекот

C +