Centar.mk
АВТО ЦЕНТАРБИЗНИСТЕМА

Бензинските и дизел автомобилите полека одат во историјата – ЕУ со моќна одлука

Преговорите на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент синоќа постигнаа договор за закон со кој се предвидува крај на продажбата на нови возила со мотор со внатрешно согорување од 2035 година.

Добивај вести на вибер
„Овој договор го отвора патот за модерна и конкурентна автомобилска индустрија во Европската Унија. Светот се менува и ние мора да останеме лидери во иновациите“, изјави чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела.

Чешкото претседателство преговараше во име на 27 земји членки со претставници на Европскиот парламент.

Постигнат е договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид од новите автомобили за 55 отсто до 2030 година и за 50 отсто за пикапи во споредба со нивото од 2021 година, а до 2035 година треба да се постигнат нула емисии и за новите автомобили и за пикапите.

Овој договор е дел од пакетот „Подготвени за 55 проценти“, во кој ЕУ постави цел да ги намали нето-емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти до 2030 година.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ – Цената повеќе нема да биде единственото мерило при изборот

ДЕСК

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб – договорена соработка за геотермална енергија

ДЕСК