Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Семејна драма во Прилеп: И ја запалил ординацијата на сопругата

На 26.10.2022 околу 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Ѓ.(47) од Прилеп. Тој се сомничи дека околу 19.50 часот предизвикал пожар во ординацијата на неговата сопруга на улица „Сотир Ѓорѓиоски – Сотка“ во Прилеп, по претходно нарушени семејни односи.

Во службен разговор во полициска станица тој признал дека со бензин ја запалил ординацијата, при што изгорел инвентарот, а било оштетено и патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(19) од Прилеп, кое било паркирано пред ординацијата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Д.Ѓ. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК