Брокулата е зеленчук богат со многу хранливи материи, вклучувајќи влакна, витамин Ц, витамин К, магнезиум и калиум.
Покрај тоа, има и повеќе протеини од другите зеленчуци од ваков вид. Овој зелен зеленчук може да се јаде и сиров и варен, но неодамнешните истражувања покажуваат дека готвењето на пареа дава повеќе здравствени придобивки. Брокулата содржи двојно повеќе витамин Ц од портокалите.
Помага во искористувањето на железото, ја спречува појавата на катаракта, ги ублажува симптомите на настинка и ја зајакнува општата одбранбена способност на организмот.
Суровата брокула содржи речиси 90 проценти вода, 7 проценти јаглени хидрати, 3 проценти протеини и речиси и да нема масти. Има многу малку калории, односно само 31 калорија на 100 грама.
Калории: 31
Вода: 89 проценти
Протеини: 2,5 грама
Јаглехидрати: 6 грама
Шеќер: 1,5 грама
Влакна: 2,4 грама
Маснотии: 0,4 грама