Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Илон Маск тврди дека го купил Твитер за да му помогне на човештвото

Извршниот директор на Tesla, американскиот милијардер Илон Маск, во четвртокот потврди дека го купил Twitter.

Илон Маск на Твитер им се обрати на огласувачите пред преземањето на компанијата што ја купи за 44 милијарди долари и се очекува официјално да ја преземе утре.

„Почитувани огласувачи на Твитер, сакав лично да се обратам за да ја споделам мојата мотивација за купување на Твитер. Имаше многу шпекулации за тоа зошто го купив Твитер и што мислам за рекламирањето. Повеќето од тоа е погрешно“, напиша Маск.

Илон Маск кажа колку долго би можела да трае рецесијата
Како што рече, причината за купувањето на Твитер е тоа што за иднината на цивилизацијата е важно да има заеднички дигитален градски плоштад, каде што ќе може да се разговара за широк спектар на верувања на здрав начин, без прибегнување кон насилство.

Маск тврди дека не го купува Твитер за да заработи повеќе, туку за да се обиде да му помогне на човештвото што го сака.

Можеби ќе ве интересира

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК