Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

158 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (26.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 158 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 62 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 96 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДА СЕ БУДИ ВО МИНУС – Потоа следуваат обилни дождови, силен ветер и снег за викендот

ДЕСК

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта мурал

ДЕСК

Средби на Гаши во Загреб: Соработка и европска перспектива

ДЕСК