Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

АВМУ: Осуда за физичкиот напад врз Зоран Божиновски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот физички напад врз сопственикот на „Буревесник“ Зоран Божиновски.

Безбедноста на новинарите е предуслов за професионално вршење на нивните обврски и секое насилство кон нив е апсолутно неприфатливо. Тие треба да ја вршат својата работа ослободени од каков било вид напади, притисоци, вознемирување и заплашување.

Потенцираме дека во демократските земји е неопходно да се обезбеди целосно уживање на правото на слобода на изразување и на правото на информирање на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +