Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Вработен во Македонски шуми осомничен дека прави малверзации со огревни дрва

Македонската полиција информира дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Љ.Б.(57) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.

Според полицијата лицето на 29. август оваа година, кој бил вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“-ПШС Лопушник – Кичево издал испратница за огревно дрво на сметка на правно лице од Кичево врз основа на договор, при што на примероците кои биле дадени на купувачот и превозникот било наведено дека е издадена за буково дрво кое согласно договорот било по една цена од метар кубен, додека на примерокот од испратницата доставена до сметководството на претпријатието било дадено трета класа дрвен сортимент, кој е поевтин.

Врз основа на тоа била изготвена фактура на правното за пониската цена и со ваквото дејствие пријавениот го оштетил ЈП „Национални шуми“, велат од македонската полиција.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК