17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ функционира во нелегално стекнат имот, сè што има нека достави до надлежните институции

ВМРО-ДПМНЕ е партија симбол на криминал и незаконски стекнат имот, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Белиот дворец од каде ВМРО-ДПМНЕ држи прес-конференции е нелегално стекнат имот потврден со судска пресуда во предметот Талир 2. Како не им е срам да држат прес-конференции во криминално стекнат имот кој е пред конфискација? Барем да излезеа од него ако имаа малку доблест. Нема поголема, подрска и покриминална, на шема отколку онаа за стекнување на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Ако го веќе сака да зборува за нелегално стекнат имот, ВМРО-ДПМНЕ нека си погледне прво во сопствените редови“, стои во реакцијата од СДСМ.

Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта? На кој начин Сашо Мијалков го стекнал луксузниот имот што го нудеше како гаранции при судските процеси?, прашуваат од СДСМ.

Според нив, сè што ВМРО-ДПМНЕ има како информација за анкетните листови нека ги достави до Државната комисија за спречување корупција, наместо заради безидејност да ја замајува јавноста.