17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Битиќи во Приштина: Клучот за одржлив развој е преку градењето доверба

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска се обрати на панел-дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист“ во Приштина – „Самит на земјите од Западен Балкан 2022, градење мостови за мир, напредок и солидарност“.

„Ние како социјалдемократски влади треба да ја вратиме средната класа. Треба да ги вратиме вербата во вредноста и интегритетот на работниците. Ова е дефинирачко прашање на нашето време. Ова е одлучувачки модел за средната класа и силата во развој за нашиот одржлив раст. Двете наши социјалдемократски влади треба да се заложат во тоа. Клучот за развој на средната класа и во исто време на пазарот на трудот е премостување на јазот помеѓу старите и новите квалификации за кои пазарот на труд е гладен. Значи, треба да работиме заедно, Владата и бизнисот, во градењето на луѓето“, посочи Битиќи.

Ова, како што рече, не може да го направат само владите. Тоа мора да биде заеднички напор.

„Работната сила е крвотокот на економијата и не можете да растете ако ја намалите движечката сила – а тоа се вештините и искуството што ги дава работната сила. Да ги градиме. Сметам дека, пред сè, ни треба промена во стратегијата на играта што ја играме, промена на зависностите на секој од нас од разни ресурси кон создавање силни врски на меѓусебна поврзаност и меѓузависност. Овој нов пристап ќе создаде поголем раст, повеќе иновации и стабилен регион. Затоа, ова ќе нè донесе до друг стадиум на економски развој бидејќи нема да се натпреваруваме меѓу себе во секоја индустрија или сектор, туку, напротив, ќе нè поттикне да работиме заедно и да бидеме поконкурентни како регион“, рече Битиќи.

Од таа причина, додаде тој, заедно треба да се работи за економија во која може и треба да победат и бизнисите и работниците!