Centar.mk
ЛОКАЛНО

Поставени заштитни столпчиња долж кружната рампа во катната гаража „Беко“ со цел подобра ориентација при движење на возилата

Ја информираме јавноста дека ЈП „Градски паркинг“- Скопје, на сопствена иницијатива, а во соработка со ЈП „Улици и патишта“, постави заштитни столпчиња по должината на кружната рампа во катна гаража „Беко, од кат -2 до кат 7.

Деновиве вработените во Одделението за одржување на паркиралиштата, при ЈП „Градски паркинг“- Скопје, поставија заштитни столпчиња по должината на кружната рампа во катната гаража „Беко, од кат -2 до кат 7. Работните активности ги извршија во соработка со екипи од ЈП „Улици и патишта“.

Целта на поставувањето на столшчињата е да се овозможи подобра ориентација при движење на возилата и да се спречат несакани оштетувања на возилата од евентуални удари во кружната рампа.

На овој начин е олеснето движењето при паркирање, но сепак апелираме до возачите при движење во правец нагоре и надолу во катната гаража „Беко“, да возат внимателно и со прилагодена брзина на движење на возилата.

Можеби ќе ве интересира

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

ДЕСК

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК