Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на денешната граѓанска трибина “Силно и одлучно кон иднината” во Битола пред присутните граѓани ги презентираше мерките и економските политики кои ги превзема СДСМ во услови на светска неизвесност и енергетска криза најголеми по Втората Светска војна. Ковачевски посочи дека во време на криза, никој нема да биде оставен сам да се справува со кризата.
„Јас доаѓам од приватниот сектор, сум работел на менаџерски позиции и точно знам што значи добро менаџирање на буџет. Како со ефикасно користење на средствата може да се направи дополнителна вредност. Во првите денови од мојот мандат минималната плата да ја зголемивме на 18.000 денари. Тоа е нашиот социјалдемократки концепт кој го цени работникот и се грижи. Двојно повеќе ја зголемивме минималната плата отколку во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога таа изнесуваше под 9.000 денари. Додека во време на ВМРО-ДПМНЕ пензиите беа замрзнати и се зголемуваа симболично само пред избори, ние за само шест месеци пензиите ги зголемивме за скоро 10 отсто, одосно само од март до септември оваа година, просечната пензија е зголемена за над 1.500 денари“ рече Ковачевски.
СДСМ се грижи за сите посебно во време на криза, должност е да им обезбедиме пристојна старост на пензионерите. Затоа СДСМ преку своите политики постојано работи и ги зголемува пензиите, посочи Ковачвески.
„Реализиравме прв пакет од економски мерки вреден 400 милиони евра за поддршка на граѓаните и компаниите. Со тоа навремено реагиравме и ги ублаживме шоковите од кризата. Продлабочувањето на светската криза донесе потреба од нов сет на мерки, па во консултации со сите засегнати страни донесовме нов пакет мерки, вреден 360 милиони евра. Над 200.000 граѓани финансиски ќе ги помагаме во следните четири најтешки месеци. Пензионерите со пензии до 14.000 денари, самохраните родители, примателите на гарантирана минимална помош, стечајните работници, ќе добиваат помеѓу 1.500 и 3.000 денари во следните четири месеци како помош да се справат со кризата.“ рече Ковачевски на граѓанската трибина во Битола. Државната помош продолжува и за компаниите, а најдоцна до први декември ќе го претставиме посебниот пакет мерки за компаниите кои произведуваат основни производи како леб и масло за јадење“, рече Ковачевски.
На граѓанската трибина претседателот Ковачвески посочи дека светската економска криза ни покажа колку е важно зголемувањето на домашното производство на храна.
„За оваа година покрај повисоките и навремени субвенции обезбедивме дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, а веќе од следната година со новиот систем на субвенционирање земјоделците авансно ќе добиваат дел од субвенциите, за да имаат пари кога најмногу им се потребни“, потенцираше претседателот Ковачевски.