Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Тешка сообраќајка близу Дабиле: Три лица повредени

На 23.10.2022 во 23.10 часот на Магистрален пат А4 Струмица – Ново Село, во близина на село Дабиље се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со италијанска национална ознака, управувано од В.А.(52) од село Еднокуќево, струмичко, патничко возило „ауди а3“, управувано од М.М.(31) од Струмица и патничко возило „фиат типо”, управувано од М.К.(52) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки. Во несреќата возачите В.А. и М.М. се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот М.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК