Centar.mk
БИЗНИС

На пазарот на „црното злато“ владее неизвесност: Цените на нафтата значително флуктуираа минатата недела

На светските берзи цените на нафтата значително осцилираа минатата недела, бидејќи трговците се загрижени за ризиците од рецесија во голем број економии, додека поддршка на цените обезбедува најавата за намалување на производството на ОПЕК.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за два отсто, на 93,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,7 отсто, на 85,05 долари.

Минатата недела имаше неизвесност на нафтените пазари, па еден ден цените на барелот поскапеа, а следниот ден паднаа.

На европскиот пазар цената на нафтата се зголеми поради неодамнешното стапување во сила на забраната за увоз на руска нафта и деривати во Европската унија, како и одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници да го намалат производството за два милиони барели дневно од ноември.

Цените се поддржани и од надежта на трговците дека Кина ќе ги олесни строгите мерки за да го спречи ширењето на СОВИД-19 и да ја зголеми потрошувачката на гориво.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК