Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Страотна сообраќајка во Сарај: Има повредени

На 23.10.2022 во 00,15 часот било пријавено дека во с.Сарај, скопско, на крстосница од улиците „20“, „1“ и „2“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, управувано од Х.Н.(21) од Скопје и патничко возило „шевролет“, управувано од Б.К.(56) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата сопатничката од патничкото возило „шевролет“, С.С.(57) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот Х.Н. и неговите сопатници Х.Н., Е.З.(22) и М.И.(19), сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат

ДЕСК

СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано – Балканскиот картел се распаѓа – Мицкоски остана сам

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

ДЕСК