Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски со честитка за Денот на македонската револуционерна борба: Учиме од историјата и чекориме силно и храбро кон иднината

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска по повод 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до граѓаните.

„На Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Октомври, со гордост се сеќаваме на храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за независност и македонска државност.

Без македонските револуционери, нивната прогресивност, нивната силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на ослободителната борба и вековниот идеал за независна македонска држава. Нивната храброст и одлучност е мотив ние денес гордо и достоинствено, обединети и со забрзан чекор да ги остваруваме државните цели.

Учиме од историјата и чекориме силно и храбро кон иднината.

Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба”

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК