Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСM: ЈСП заглавено во милионски долгови поради медарите од ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение на СДСМ:
Медарите од ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа колапс во Јавното сообраќајно претпријатие и за првпат главниот град остана без јавен превоз.

За само една година со градските власти на ВМРО-ДПМНЕ, Јавното сообраќајно претпријатие направило долг од еден милион евра.

Дали меѓу причините за овој милионски долг на ЈСП е анекс договорот за набавка на горива, поскапо за 5,6 денари по литар од редовната цена?

Колапс на ЈСП, огромни долгови, задоцнети плати и прекин на јавниот превоз е резултат на неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивната градоначалничка Арсовска.

Наместо со проекти и со проблемите на граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ со рацете во медот се занимаваат со тендери и провизии.

Скопјани очекуваат одговори и одговорност за катастрофата што се случува.

Можеби ќе ве интересира

НОВА АНКЕТА ЈА ОТКРИ ПОЛИТИЧКАТА СЛИКА – ВМРО-ДПМНЕ со 24%, СДСМ со 8,5%, еве ги рејтинзите на сите партии

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК