10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Прв ресторан кој им наплаќа на гостите за греење, дополнителни 5 и 10 евра за седење на тераса

Многу австриски ресторани се мачат поради инфлацијата и повисоките трошоци за струја и гас, а некои од нив беа принудени да ги затворат своите објекти.

Сепак, 30-годишниот сопственик на ресторан во Виена нашол начин да ги намали трошоците и да се обиде да преживее.

Имено, секој гостин кој и покрај студеното есенско време и ниските температури ќе сака да седне на терасата од ресторанот и да се стопли со сметката ќе треба да доплати 5 или 10 евра за парно. Со оваа одлука ресторанот „Лукулус“ станува првиот ресторан кој на своите гости ќе им наплатува седење и греење на терасата.

Како што пишува „Хејте“, ако гостин седне на маса за четворица ќе треба да плати дополнителни 5 евра, а ако седне на поголема маса ќе треба да плати дополнителни 10 евра.

„Хејте“ разговараше и со сопственичката на ресторанот Кармен Пачшвол и дознава дека на терасата се поставени 40 грејни тела, кои лани ја чинеле сопственичката 28.000 евра, а таа накратко ја коментирала нејзината одлука на гостите да им наплати греење:

„Не заработуваме со тоа, ги покриваме само трошоците“ – рече таа.

Кармен објасни дека еден грејач троши два киловати на час, што е 80 центи.

„Над големите маси има четири греалки, што е 3,2 евра. Нашите гости седат на тераса во просек по три часа. Тоа се 9,6 евра“ – пресмета таа.

„Ако тоа не ви одговара, можете да влезете во ресторанот, каде што е топло“, им рекла сопственичката на своите критичари, за кои вели дека ги нема многу и дека реакциите на гостите се главно позитивни.

Според неа, многу гости одат само на тераса за да испијат аперитив, а потоа продолжуваат да јадат и пијат во ресторанот.