Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Мистериозно: Четворица украинци со детектор фатени од полицијата на локалитетот Исар, полицијата пронајде и две возила со украински таблички

На 21.10.2022 околу 12.00 часот на археолошкиот локалитет „Исар“ кај с.Марвинци, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово ги лишиле од слобода В.О.(40), О.П.(35), И.Р.(46) и М.Р.(48), сите од Украина, со привремен престој во Скопје.

Тие биле затекнати како вршат ископ на локалитетот, кој е прогласен за добро под привремена заштита. Кај нив биле пронајдени два детектора, лопати и неколку ископани предмети. Исто така, при преглед во патничките возила „тојота“ и „хјундаи“ со украински национални ознаки, со кои пристигнале на местото, бил пронајден детектор.

По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК