Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски во Ѓорче Петров: Се грижиме за пензионерите, за пристојна старост и во време на криза

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска беше со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров.

Во разговор со пензионерите, во стариот парк во населбата, Ковачевски зборуваше за владините мерки и политики на СДСМ со кои им овозможуваме пристојна старост на пензионерите и во време на криза.

-Од повозрасните може многу да се научи. Тоа ми се потврди и низ денешниот разговор со пензионерите, наши сограѓани од Ѓорче Петров. Во време на криза, наша должност е да им обезбедиме пристојна старост на пензионерите. Затоа и ги зголемивме пензиите, а и се осигуравме дека и понатаму ќе растат. Пензионерите заслужуваат достоинствено да ги поминат пензионерските денови, сите ние сме нивни деца. рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер, додаде дека со политиките и мерките кои Владата предводена од СДСМ ги презема, пензиите за сите пензионери веќе се покачени, во изминатите неколку месеци за околу 10%.

-Со новата методологија, наредната година следува уште едно покачување на пензиите, со што за 12 месеци, сите 330.000 пензионери ќе имаат поголеми пензии за 16%, рече претседателот Ковачевски.

Освен покачување на пензиите, со новиот пакет антикризни мерки, директна финансиска поддршка обезбедува владата за пензионерите со пониски пензии.

-Обезбедивме вкупно 6.000 денари во наредните 4 месеци и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија. Дополнитено, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари. Се грижиме за достоинство во пензионерските денови и во време на криза, рече Ковачевски во разговор со повозрасните граѓани во скопската населба Ѓорче Петров.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК