Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Хуманитарниот турнир на СДММ ,,Млади и солидарни ” денеска во Скопје, се собираат средства за младите и децата со попреченост

Социјалдемократската младина на Македонија денеска оддржа регионален натпревар во мал фудбал во салата ,,11 октомври” во Скопје.

Младите од скопскиот регион играа за хумани цели и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост.

СДММ преку дружба и натпревар, со спортски активности реализира хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост.

Преку ваквите хуманитарни турнири се собираат средства за Центрите за поддршка на млади и деца со попреченост.

Следниот турнир е веќе утре кога во Валандово ќе играат екипите од Југоисточниот регион.

СДММ ги поканува младите да се приклучат, да бидеме хумани, да се поддржуваме, да помагаме на оние на кои им треба помош.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на Ддв и акциза и најниски цени на горивата во регионот

ДЕСК

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК