Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Охрид- Струга, има повредени млади лица

На 19.10.2022 во 12.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со охридски регистарски ознаки, управуванo од Д.Ѓ.(32) од Охрид и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Р.(25) од с.Биџево, охридско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „ауди“, Ј.Г.(26) од с.Мислешево, струшко, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во патничкото возило „ауди“, Ѓ.Б.(26) и Е.Ј.(23), двајцата од Струга, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК