Centar.mk
ЛОКАЛНО

Нов изглед на улица “Стара чешма” во Битола

Со денешното асфалтирање, завршуваат инфраструктурните активности на ул. „Стара чешма“, како дел од проектот најавен од страна на градоначалникот Тони Коњановски, за реконструкција на 23 улици во оваа градежна сезона.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, изврши увид во работните активности на терен, при што беше информиран дека на двата краци од оваа улица, претходно беше извршена промена на мешовитата канализациона мрежа во должина од 230 метри, во вредност од 1.345.757 денари. По оваа интервенција, се работеше на тампонирање на коловозот. Со денешното асфалтирање во должина од 270 метри на двата краци од улицата, во вредност од околу 4.000.000 денари, завршува целосната реконструкција на ул. „Стара Чешма“.

Можеби ќе ве интересира

Изминатата седница санкционирани 123 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК

Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните

ДЕСК

СВР Охрид во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници ги интензивира превентивните активности насочени пред се кон младата полулација

ДЕСК