26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Владата не должи на ЈСП, одговорноста е кај директорот и Градот Скопје

„Жалам за состојбата во ЈСП и неможноста Градот Скопје да испорача обврска кон вработените, а тие пка кон граѓаните. Не е вистина дека Владата должи, сите обврски на Владата или на МОН, врз основа на извршени услуги за транспорт на ученици или студенти, се подмирени, парите се префрлени. Тоа што некој толкува законски решенија без да ја праша Владата тоа не се обврски. Услугата на ЈСП се дава кон сите скопски општини и одговорноста мора да се побара во управата на претпријатието, но и во раководсвото на Град Скопје“ -изјави вицепремиерот за економија, Фамир Битиќи, во магазинот „Клик плус“ на ТВ 21.

„Сите јавни претпријатија кои се во неможност да испорачаат услуги кон граѓаните се соочуваат со финансиски проблеми. Ние се обидуваме да напоравиме реструктуирање на Пошта, имавме таму нова систематизација за да ги намалиме расходите, со таа систематизација сакавме да направиме рационален кадар, но сепак тој процес ќе биде подолгорочен. Се обидуваме да го најдеме излезот на централно ниво, затоа што тоа е наша обврска. Јас не сум склон кон продажба или приватизација, може да се оди со јавно- приватно партнерство, но сепак клучно е да се постави добар менаџмент. Кога вие ќе добиете пратка од Скопје во Скопје за 6-7 дена значи дека нешто не е во ред. Кажано му е на новиот менџмент да ја направи новата систематизација, но и за следната година да се направи најавеното реструктуирање“- одговори Битиќи на пршањето за ситуацијата во Пошта со најавениот протест на вработените.